Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат.
Ознаки и нивно значење | |
|---|---|
| Класа 1 |
| Не посегнувајте со дланките во полето на сечење, додека работи електричниот алат. Доколку дојдете во контакт со сечилото за пила постои опасност од повреда. |
| Носете маска за заштита од прав. |
| Носете заштитни очила. |
| Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот. |
| Опасна зона! Држете ги дланките, прстите или рацете колку е можно подалеку од оваа зона. |
| При сечење со закосување, подесливата гранична водилка мора да се повлече нанадвор. |
| Деловите што се обработуваат мора да се потпрат или да се постават на продолжетоците на масата за пила. |
|
|
Внимавајте на димензиите на листот за пилата. Дијаметарот на отворот мора точно да биде наместен на вретеното на алатот. Доколку е неопходно користење на редуцирни делови, внимавајте димензиите на редуцирниот дел да одговараат на дебелината на листот за сечење и на дијаметарот на отворот на листот за пилата, како и на дијаметарот на вретеното на алатот. Доколку е можно, со листот за пилата користете ги испорачаните редуцирни делови. Дијаметарот на сечилото за пила мора да одговара на податоците на ознаката. |
| Затегнувачкиот лост е затворен: Затегнувачкиот лост е отворен: |








