Прицврстување на делот за заштита од паѓање (види слика B)
Напомена: за да се осигурате дека електричниот алат нема да падне, за тежината на системот треба да користите соодветен додаток за заштита од паѓање (22). Максималната дозволена должина на уредот за заштита од паѓање изнесува 1,1 m. Почитувајте го дозволеното поле за прицврстување (21) на електричниот алат.
За да го заштитите уредот од паѓање користете врвка со анкер или користете го делот за заштита од паѓање со амортизација на пад.
При прицврстувањето на делот за заштита од паѓање (22) почитувајте го соодветното упатство за работа.
- Спротивните страни на делот за заштита од паѓање прикачете ги на стабилна конструкција (на пр. објект или скеле) и никогаш на самиот корисник.
Делот за заштита од паѓање мора да може слободно да се движи и треба да биде прицврстен само на фиксна точка на спојување (23) и во дозволеното поле на прицврстување (21) на електричниот алат.
Изберете ја фиксната точка на спојување (23) така што електричниот алат во случај на пад, ќе падне безбедно во безбедносната преграда, без притоа да се замота околу корисникот или да му наштети.
Вметнете ја јамката на заштитата од паѓање (22) низ рачката (17) и водете ја страната на куката низ јамката. Кога ја затегнувате јамката, проверете дали е правилно поставена во областа за прицврстување (21) и не е извиткана. Пред секоја употреба, проверете ја заштитата од паѓање и дали е правилно прицврстена на електричниот алат и на точката за прицврстување (23).