Подесување на хоризонталниот агол на закосување
- Подесете го електричниот алат во работна позиција.
Поставување на хоризонтални стандардни агли на закосување (види слика L)
За брзо и прецизно подесување на често користени хоризонтални агли на закосување на масата за пила има жлебови (14):
лево | десно |
---|---|
0° | |
52°; 45°; 31,6°; 22,5°; 15° | 15°; 22,5°; 30°; 45°; 60° |
- Отпуштете го копчето за фиксирање (11), доколку е затегнато.
- Притиснете го копчето за заклучување (10) надолу и вртете ја масата за пила (32) со копчето за фиксирање кон лево или десно, додека агломерот (13) не го покаже саканиот стандардниот хоризонтален агол на закосување.
- Повторно отпуштете го копчето за заклучување (10). Масата за пила мора звучно да се вклопи во жлебот.
- Повторно затегнете го копчето за фиксирање (11).
Подесување на хоризонтални агли на закосување
Хоризонталниот агол на закосување може да се поставува во опсег од 52° (на левата страна) до 60° (на десната страна).
- Отпуштете го копчето за фиксирање (11), доколку е затегнато.
- Притиснете го копчето за заклучување (10) надолу и вртете ја масата за пила (32) со копчето за фиксирање кон лево или десно, додека агломерот (13) не го покаже саканиот хоризонтален агол на закосување.
- Повторно отпуштете го копчето за заклучување (10).
- Повторно затегнете го копчето за фиксирање (11).