Подесување на вертикалниот агол на закосување

Вертикалниот агол на закосување може да се поставува во опсег од 47° (на левата страна) до 47° (на десната страна).

За брзо и прецизно подесување на често користени вертикални агли на закосување, предвидени се фиксни позиции за агли од 0°, 33,9° и 22,5°.

  • Извлечете ја десната подеслива гранична водилка (18) целосно нанадвор одн. целосно извадете ја.
  • Олабавете го тркалото за стегање (38).
  • Навалете го кракот на алатот на рачката (4) малку налево од положбата 0° и притиснете го лостот за приспособување (20) налево.
  • Завртете го кракот на алатот на рачката (4) надесно додека агломерот (50) не го покаже саканиот агол на закосување на скалата (51).
  • Држете ја рачката на алатот во оваа позиција и повторно затегнете го тркалото (38).

  • Извлечете ја левата подеслива гранична водилка (18) целосно нанадвор одн. целосно извадете ја.
  • Олабавете го тркалото за стегање (38).
  • Завртете го кракот на алатот на рачката (4) налево додека агломерот (52) не го покаже саканиот агол на закосување на скалата (51).
  • Држете ја рачката на алатот во оваа позиција и повторно затегнете го тркалото (38).

  • Проверете дали е поставен вертикален агол на закосување од < 45° (налево или надесно).
    Ова е единствениот начин на кој може да го притиснете копчето за блокада (53).
  • Притиснете го копчето за блокада (53) целосно надолу.
    Сега може да го користите целиот опсег на аголот на закосување од 47° (налево или надесно).

  • Извлечете ја подесливата гранична водилка (18) целосно нанадвор одн. целосно извадете ја.
  • Олабавете го тркалото за стегање (38).

Стандарден агол на закосување 0°:

  • Завртете ја рачката на алатот малку налево над 0°-позиција, а потоа надесно додека не почувствувате дека ќе се вклопи во 0°-позицијата.
  • Повторно затегнете го тркалото за стегање (38).

Стандардни агли на закосување 33,9° и 22,5°:

  • Олабавете го лостот за блокада (21) нагоре.
  • Навалете ја рачката на алатот кон лево или десно, се додека агломерот (52)/(50) не го покажува саканиот вертикален агол на закосување.
    Рачката на алатот мора да е видно вклопена.
  • Повторно затегнете го тркалото за стегање (38).