Совети при работењето

Работното светло ја подобрува видливоста во непосредната работна површина и ви ја покажува линијата на сечење на сечилото на пилата. Притоа, делот што се обработува може точно да го позиционирате за сечење, без да го отворате осцилаторниот заштитен капак.

  • Означете ја саката линија на сечење на делот што се обработува.
  • Вклучете го работното светло со прекинувачот (35).
  • Навалете го кракот на алатот надолу, пред делот што се обработува.
    Сенката од сечилото на пилата ќе се појави на делот што се обработува. Оваа линија на сенка го претставува материјалот што се отстранува со сечилото на пилата за време на сечењето.
  • Насочете ги ознаките на делот што се обработува на линијата на сенката.

Максимални делови за обработка:

Хоризонтален агол на закосување

Вертикален агол на закосување

Висина x ширина [mm]

105 x 340

45°

105 x 245

45° (лево)

70 x 340

45°

45° (лево)

70 x 245

45° (десно)

48 x 340

45°

45° (десно)

48 x 245

Максимална длабочина на резот (0°/0°): 105 mm

За едноставно сечење на делови со еднаква должина може да го употребите левиот или десниот граничник за должина (29).

  • Повлечете го граничникот за должина (29) нагоре.
  • Поставете го продолжетокот на масата за пила (15) на саканата должина на делот што се обработува.

Граничникот за длабочина мора да се помести, доколку сакате да исечете жлеб.

  • Свртете го граничникот за длабочина (25) кон надвор.
  • Навалете ја рачката на апаратот на дршката (4) во саканата позиција.
  • Свртете ја завртката за подесување (26), додека крајот на завртката не го допре граничникот за длабочинa (25).
  • Полека водете ја рачката на алатот нагоре.

При сечење на свиткани или тркалезни делови за обработка, мора добро да ги обезбедите од лизгање. На линијата на сечење не смее да постои процеп меѓу делот што се обработува, граничната водилка и масата за пила.

Доколку е потребно, мора да направите специјални држачи.

Плочата за вметнување (9) може да се истроши по подолга употреба на електричниот алат.

Променете ја дефектната плоча за вметнување.

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Одвртете ги завртките (54) со обичен крстест одвртувач и извадете ја старата плоча за вметнување (9).
  • Ставете ја новата плоча за вметнување и повторно затегнете ги завртките (54).