Проверка и подесување на основните поставки

За гарантирање на прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален алат.

Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.

  • Подесете го електричниот алат во транспортна позиција.
  • Отпуштете го копчето за фиксирање (11), доколку е затегнато.
  • Притиснете го копчето за заклучување (10) надолу и вртете ја масата за пила (32) до жлебот (14) за 0°.
  • Повторно отпуштете го копчето за заклучување (10). Масата за пила мора звучно да се вклопи во жлебот.
  • Отстранете ги подесливите гранични водилки (18).

Проверка (види слика U1)

  • Поставете го аголниот триаголник (55) со агол од 90° на исто ниво со сечилото на пилата (46) помеѓу граничната водилка (17) и сечилото за пилата на масата за пилата (32).

Кракот од аголниот триаголник мора да биде на исто ниво со граничната водилка по целата должина.

Подесување (види слика U2)

  • Олабавете ги сите завртки со внатрешна шестаголна глава (56) со испорачаниот внатрешен шестаголен клуч (27).
  • Свртете ја граничната водилка (17) додека аголниот триаголник не лежи прецизно по целата должина.
  • Повторно затегнете ги завртките.

  • Завртете ја рачката на алатот малку налево над 0°-позиција, а потоа надесно додека не почувствувате дека ќе се вклопи во 0°-позицијата.

Проверка

Агломерите (50) и (52) мора да бидат во согласност со 0°-ознаките на скалата (51).

Подесување

  • Олабавете ги завртките (57) со крстест одвртувач и центрирајте го агломерот по должина на соодветната 0°-ознака.
  • Повторно затегнете ги завртките.

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Свртете ја масата за пила (32) до жлебот (14) за 0°. Лостот мора осетно да се вклопи во жлебот.

Проверка

Агломерот (13) мора да биде во една линија со 0°-ознаката на скалата (33).

Подесување

  • Олабавете ја завртката (58) со крстест одвртувач и центрирајте го агломерот по должина на 0°-ознаката.
  • Повторно зацврстете ја завртката.