Ставање во употреба
Со вртливото копче на бројот на вртежи (17) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот.
1−2 | Низок број на вртежи |
3−4 | Среден број на вртежи |
5−6 | Висок број на вртежи |
Прикажаните вредности во табелата се референтни вредности. Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.
Материјал | Дијаметар на глодалката [mm] | Позиција на вртливото копче за подесување |
---|---|---|
Цврсто дрво (бука) | 4–10 | 5–6 |
Меко дрво (бор) | 4–10 | 5–6 |
Иверки | 4–10 | 3–6 |
Пластика | 4–15 | 2–3 |
Алуминиум | 4–15 | 1–2 |
По подолго работење со мал број на вртежи, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
Пред вклучувањето, поставете ја длабочината на глодање.
За вклучување на електричниот алат кратко притиснете го копчето за заклучување и отклучување на прекинувачот за вклучување/исклучување (20), потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (19) и задржете го.
За заклучување на електричниот алат, вклучете го електричниот алат и притиснете го копчето за заклучување и отклучување на прекинувачот за вклучување/исклучување (20). Прво отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (19) потоа притиснете го копчето за заклучување и отклучување за прекинувачот за вклучување/исклучување (20).
За да го исклучите, електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (19) одн. доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (20) кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (19) и потоа отпуштете го.