Подесување на длабочината на глодање (види слика E)

Подесувањето на длабочината на глодање смее да се врши само доколку електричниот алат е исклучен.

За грубо подесување на длабочината на глодање постапете на следниот начин:

При големи длабочини на глодање треба да се направат повеќе процеси на обработка со помало вадење струготини. Со помош на градираниот граничник (8) може да го поделите процесот на глодање на повеќе степени. Притоа, подесете ја саканата длабочина на глодање со најнизок степен на градираниот граничник и за првиот процес на обработка изберете го највисокиот степен.

По пробата за глодање, со вртење на вртливото копче (16) можете да ја подесите длабочината на глодање точно на саканите димензии; свртете во правец на стрелките на часовникот за зголемување на длабочината на глодање, а за намалување на длабочината на глодање свртете во правец спротивен на стрелките на часовникот. Скалата (15) служи за ориентација. Едно вртење одговара на должина на подесување од 1,5 mm, една од цртичките на горниот раб на скалата (15) одговара на промена на должината на подесувањето за 0,1 mm. Максималната должина на подесување изнесува ±16 mm.