Промена на алат
GFA 12-W (види слика A)
Ставете го алатот за вметнување до крај во прифатот за алат (1).
GFA 12-E, GFA 12-X (види слика C)
Завртете ја чаурата за заклучување наназад, алатот што се вметнува ставете го до крај во прифатот за алат (1) и повторно олабавете ја чаурата за заклучување за да го блокирате алатот за вметнување.
GFA 12-M/GFA 12-B (види слика D)
Отворете го додатокот за стезна глава за метал (11) со завртување во правец ➊, додека не се вметне алатот за вметнување. Вметнете го алатот за вметнување.
Чаурата на додатокот на стезната глава за метал (11) свртете ја цврсто со рака во правец ➋. Со тоа, главата за метал автоматски се заклучува.
За да го ослободите заклучувањето и да го извадите алатот, одвртете ја чаурата на додатокот на стезната глава за метал (11) во правец ➊.
Додатокот за прав агол (13) може да се комбинира со кој било друг додаток.
За да го направите ова, вметнете го додатокот за прав агол (13) во прифатот за алат (1). Свртете го прстенот за блокирање (15), додека не слушнете да се вклопи. Потоа прикачете некој од другите додатоци на додатокот за прав агол (13).
и извадете го од прифатот за алат