Транспортен осигурувач (види слика F)
Транспортниот осигурувач (37) Ви овозможува лесно ракување со електричниот алат при транспорт на различни места на примена.
Отклучување на електричниот алат (работна позиција)
- Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот (4), за да го ослободи транспортниот осигурувач (37).
- Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот осигурувач (37).
- Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Напомена: При работењето внимавајте на тоа, транспортниот осигурувач да не е притиснат навнатре, инаку рачката на алатот нема да може да се навали на саканата длабочина.
Прицврстување на електричниот алат (позиција за транспорт)
- Олабавете ја завртката за фиксирање (24), ако го заглавува механизмот за влечење (23). Извлечете го кракот на алатот целосно нанапред и повторно затегнете ја завртката за фиксирање за блокирање на механизмот за влечење.
- За фиксирање на масата за сечење (31) затегнете го копчето за фиксирање (12).
- Повлечете го кракот на алатот на рачката (4) надолу, додека транспортниот осигурувач (37) целосно не се притисне навнатре.
Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за транспорт.