Совети при работењето
Работното светло ја подобрува видливоста во непосредната работна површина и ви ја покажува линијата на сечење на сечилото на пилата. Притоа, делот што се обработува може точно да го позиционирате за сечење, без да го отворате осцилаторниот заштитен капак.
- Означете ја саката линија на сечење на делот што се обработува.
- Вклучете го работното светло со прекинувачот (34).
- Навалете го кракот на алатот надолу, пред делот што се обработува.
Сенката од сечилото на пилата ќе се појави на делот што се обработува. Оваа линија на сенка го претставува материјалот што се отстранува со сечилото на пилата за време на сечењето. - Насочете ги ознаките на делот што се обработува на линијата на сенката.
Максимални делови за обработка:
Хоризонтален агол на закосување | Вертикален агол на закосување | Висина x ширина [mm] |
|---|---|---|
0° | 0° | 70 x 305 |
45° | 0° | 70 x 215 |
0° | 45° | 40 x 305 |
45° | 45° | 40 x 215 |
Минимални делови за обработка (= сите делови што се обработуваат, што може да се затегнат со испорачаната столарска стега (30) лево или десно од сечилото за пила: 100 x 40 mm (должина х ширина)
Максимална длабочина на резот (0°/0°): 70 mm
Граничникот за длабочина мора да се помести, доколку сакате да исечете жлеб.
- Свртете го граничникот за длабочина (35) кон надвор.
- Олабавете ја контра-навртката (53).
- Навалете ја рачката на апаратот на дршката (4) во саканата позиција.
- Свртете ја завртката за подесување (36), додека крајот на завртката не го допре граничникот за длабочина (35).
- Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
- Повторно затегнете ја контра-навртката (53) внимателно.
Плочите за вметнување (10) може да го истрошат електричниот алат по подолга употреба.
Заменете ја дефектната плоча за вметнување.
- Подесете го електричниот алат во работна позиција.
- Одвртете ги завртките (54) со помош на испорачаниот крстест одвртувач (39) и извадете ја старата плоча за вметнување.
- Ставете ја новата плоча за вметнување и повторно затегнете ги завртките (54).