Ставање во употреба
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
- За ставање во употреба на електричниот алат најпрво притиснете ја блокадата при вклучување (5). Потоа целосно притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (33) и држете го притиснат.
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за вклучување/исклучување (33) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.
Електронското ограничување на стартната струја (Soft Start) ја ограничува јачината на струјата при вклучување на електричниот алат и овозможува работа на осигурувач од 16 A.
Напомена: Доколку електричниот алат стартува веднаш по вклучувањето со полн број на вртежи, ограничувањето на стартната струја не работи. Електричниот алат мора веднаш да се испрати во сервисната служба.