Ознаки

Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат.

Ознаки и нивно значење

Опасна зона! Држете ги дланките, прстите или рацете колку е можно подалеку од оваа зона.

Внимавајте на димензиите на сечилото за пила (дијаметар на сечилото за пила D, дијаметар на отворот d). Дијаметарот на отворот d мора точно да биде наместен на вретеното на алатот. Доколку е неопходно користење на редуцирачки делови, внимавајте димензиите на редуцирачкиот дел да одговараат на дебелината на сечилото за сечење и на дијаметарот на отворот на сечилото за пила, како и на дијаметарот на вретеното на алатот. Доколку е можно, со сечилото за пила користете ги испорачаните редуцирачки делови.

Дијаметарот на сечилото за пила D мора да одговара на податоците на ознаката.

Видете исто така „Димензии за соодветни сечила за пила“ во поглавјето „Технички податоци“.

При сечење на вертикални агли на закосување, подесливата гранична водилка мора да се повлече нагоре одн. да се отстрани.