Проверка и подесување на основните поставки

За гарантирање на прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален алат.

Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Свртете ја масата за сечење (31) до жлебот (15) за 0°. Лостот  мора осетно да се вклопи во жлебот.
  • Свртете го десниот граничник (29), додека не се вклопи вертикалниот агол на закосување 0° под завртката-граничник (28).
  • Повлечете го копчето за заклучување (13) нагоре.
  • Навалете ја рачката на алатот на дршката (4) надесно, додека завртката-граничник (28) не налегне на граничникот (29).

Проверка (види слика T1)

  • Поставете го аголниот триаголник (55) со агол од 90° на исто ниво со сечилото на пилата (48) помеѓу масата за пилата (31) и сечилото за пилата на масата за пилата (31).

Кракот од аголниот триаголник мора да биде на исто ниво со сечилото за пила (48) по целата должина.

Подесување (види слика T2)

  • Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник (28) со обичен окаст или вилушкаст клуч.
  • Завртете ја завртката-граничник (28) навнатре или нанадвор, додека кракот од аголниот триаголник (55) не е рамен по целата должина со сечилото за пила.
  • Притиснете го копчето за заклучување (13) повторно надолу.
  • Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на завртката-граничникот (28).

Доколку по подесувањето, агломерот (27) не е во линија со 0° ознаката на скалата (26) олабавете ја завртката (57) со обичен крстест одвртувач и насочете го агломерот по должина на 0° ознаката (види слика W).

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Свртете ја масата за сечење (31) до жлебот (15) за 0°. Лостот  мора осетно да се вклопи во жлебот.
  • Отстранете ја подесливата гранична водилка (20).
  • Свртете го левиот граничник (21), додека не се вклопи вертикалниот агол на закосување 45° под завртката-граничник (22).
  • Повлечете го копчето за заклучување (13) нагоре.
  • Навалете ја рачката на алатот на дршката (4) налево, додека завртката-граничник (22) не налегне на граничникот (21).

Проверка (види слика U1)

  • Поставете го аголниот триаголник (55) со агол од 45° на исто ниво со сечилото на пилата (48) помеѓу масата за пилата (31) и сечилото за пилата на масата за пилата.

Кракот од аголниот триаголник мора да биде на исто ниво со сечилото за пила (48) по целата должина.

Подесување (види слика U2)

  • Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник (21) со обичен окаст или вилушкаст клуч.
  • Завртете ја завртката-граничник (21) навнатре или нанадвор, додека кракот од аголниот триаголник (55) не е рамен по целата должина со сечилото за пила.
  • Притиснете го копчето за заклучување (13) повторно надолу.
  • Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на завртката-граничникот (21).

Доколку агломерот (27) по подесувањето не е во иста линија со 45° ознаката на скалата (26), најпрво проверете ја повторно 0° поставката за вертикалниот агол на закосување и агломерот. Потоа повторете го подесувањето за вертикалниот 45°-агол на закосување.

  • Подесете го електричниот алат во транспортна позиција.
  • Отпуштете го копчето за фиксирање (12), доколку е затегнато.
  • Притиснете го копчето за заклучување (11) надолу и вртете ја масата за пила (31) до жлебот (15) за 0°.
  • Повторно отпуштете го копчето за заклучување (11). Масата за пила мора звучно да се вклопи во жлебот.

Проверка (види слика V1)

  • Поставете аголно мерило на 90° помеѓу граничната водилка и поставете го рамно со сечилото за пила (48) помеѓу граничната водилка (19) и сечилото за пила на масата за пила (31).

Кракот од аголното мерило мора да биде рамен со граничната водилка по целата должина.

Подесување (види слика V2)

  • Олабавете ги сите завртки со внатрешна шестаголна глава (56) со испорачаниот внатрешен шестаголен клуч (39).
  • Свртете ја граничната водилка (19) додека аголното мерило не лежи прецизно по целата должина.
  • Повторно затегнете ги завртките.

  • Свртете го граничникот (29), додека вертикалниот стандарден агол на закосување 0° не се вклопи на ознаката со стрелка.
  • Навалете ја рачката на алатот до крај кон десно.
  • Притиснете го копчето за заклучување (13) повторно надолу.

Проверка

Агломерот (27) мора да биде во една линија со 0°-ознаката на скалата (26).

Подесување

  • Олабавете ја завртката (57) со крстест одвртувач и центрирајте го агломерот по должина на 0°-ознаката.
  • Повторно зацврстете ја завртката.

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Свртете ја масата за пила (31) до жлебот (15) за 0°. Лостот мора осетно да се вклопи во жлебот.

Проверка

Агломерот (14) мора да биде во една линија со 0°-ознаката на скалата (16).

Подесување

  • Олабавете ја завртката (58) со крстест одвртувач и центрирајте го агломерот по должина на 0°-ознаката.
  • Повторно зацврстете ја завртката.