Подготовка на батериската Power Unit

Може да ја користите батериската Power Unit и во подвижен и во стационарен режим.

Подвижно (види слика B1B2)

  • Поставете ја батериската Power Unit на потпората (23) на системот за носење.
  • Притиснете ја батериската Power Unit на задната страна од системот за носење додека рачката за заклучување (22) не кликне чујно на своето место.
  • Ставете го системот за носење како ранец и затворете ги копчињата (25) на ременот за колк (24) и ременот за гради (27) (систем за брзо отклучување). Затегнете ги ремените.
  • Ако треба, приспособете ги ремените за носење (26).

Стационарно (види слика C)

Ако треба, користете заштита од паѓање (20) (на пр. врвци за заштита од паѓање од Bosch).