Безбедносни напомени за вибратори за бетон

Носете заштитни очила. Вашите очи на тој начин ќе бидат заштитени од прскање бетон.

Носете ракавици. Главата на вибраторот за бетон може да се загрее при употреба.
- Избегнувајте да ја допирате главата на вибраторот по употреба. Површината може да стане многу жешка.
- Никогаш не го оставајте електричниот апарат, доколку алатот за вметнување не е целосно во состојба на мирување. Вибрирачкиот алат што се вметнува може да дојде во контакт со површината на која сте го оставиле алатот и да ја загубите контролата над електричниот алат.
- Внимавајте при работа да не се сопнете од цревото или кабелот. Постои опасност од повреда.
- Имајте предвид дека при носење на ранецот со приклучено напојување и вибраторот потребен ви е поголем простор. Поради тоа ограничена ви е слободата на движење.
- Користете го држачот за ремен за носење исклучиво за прицврстување на ременот за носење и никогаш не прицврстувајте го системот за заштита од паѓање на држачот за ременот за носење. Држачот за ременот за носење и самиот ремен за носење не служат како заштита од паѓање.
- Транспортирајте го алатот само во исклучена состојба. Вклучениот електричен алат што не се надгледува може да дојде во контакт со Вашата облека, да се заплетка во неа и да се повлече кон Вашето тело.
- Заштитете го мрежниот кабел за време на работата, така што нема да се фати на арматури или остри рабови.
- Не влечете го цревото преку остри рабови или арматури. Не влечете за цревото кога главата на вибраторот се заглавила, туку ослободете ја главата на вибраторот со движење напред-назад. На овој начин избегнувате оштетување на цревото.
- Ставете го прекинувачот за вклучување/исклучување во позиција „исклучено“ кога напојувањето ќе се прекине. На овој начин ќе спречите неконтролирано рестартирање на уредот.
- При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
- Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
- Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
- Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ги батериите од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.