Батеријата не се полни

Батеријата не се полни и приказите не светат

Причина: Струјниот приклучок на полначот не е (правилно) вметнат

Помош: Вметнете го струјниот приклучок (целосно) во приклучницата.

 

Причина: приклучницата, струјниот кабел или полначот се дефектни

Помош: Проверете го кабелот за напојување и струјниот приклучок. Доколку е потребно, полначот оставете го на проверка во овластена сервисна служба.

 

Батеријата не се полни и двата прикази за статус (3) светат во црвено

Причина: Полначот детектираше внатрешна грешка

Помош: Извлечете го кабелот за напојување и проверете дали полначот е оладен. Повторно вметнете го кабелот за напојување. Доколку е потребно, полначот оставете го на проверка во овластена сервисна служба.

 

Батеријата не се полни и приказот за статус (3) свети црвено

Причина: Полначот детектираше дефект на батеријата

Помош: Проверете дали батеријата е целосно и правилно ставена и дали батеријата и/или контактите за полнење се чисти. Повлечете го струјниот приклучок и повторно вметнете го. Ако повторно се појави грешката, оставете ја батеријата на проверка во овластена сервисна служба.

Причина: Дефектна батерија

Помош: Променете ја батеријата.

 

Батеријата не се полни и приказот за статус (3) свети жолто

Причина: Температурата на батеријата е надвор од дозволениот опсег на температура на полнење

Помош: Ако температурата на батеријата е над дозволениот опсег на температура на полнење  види Процес на полнење, функцијата Active Air Cooling на полначот се вклучува и ја лади батеријата додека температурата на батеријата не се врати во дозволениот опсег на температурата на полнење  види .

Ако температурата на батеријата е под дозволениот опсег на температура на полнење  види Процес на полнење, почекајте додека температурата на батеријата не се врати во дозволениот опсег на температурата на полнење.