Подготовка на работната маса
Подготовка на сетовите за прифат (види слики C1−C4)
- Завртете го копчето за фиксирање (8) во соодветниот отвор на сетот за прифат (6).
- Измерете го растојанието x меѓу отворите за монтажа на вашиот електричен алат.
- Позиционирајте ги сетовите за прифат (6) на средина на работната маса и на соодветното растојание x едни од други.
- Затегнете ги копчињата за фиксирање (8). Со тоа се фиксираат сетовите за прифат на работната маса.
Прицврстување на електричниот алат на сетот за прифат (види слика D)
- Подесете го електричниот алат во транспортна позиција. Напомената за транспортна позиција ќе ја најдете во упатството за користење на соодветниот електричен алат.
- Позиционирајте ги лизгачките навртки (16) во сетовите за прифат соодветно на отворите за монтажа на електричниот алат.
Напомена: Преку попречниот засек во сетот за прифат (6) може да се прицврстат и електрични алати со поместени монтажни отвори. - Навртете го сетот за прифат (6) и електричниот алат со завртки со шестоаголна глава (11), сигурносни подлошки (13) и подлошки (12) од сетот за прицврстување.