Замена на брусната лента (види слика A)
- Навалете го целосно надолу затезниот лост (9). Брусната лента (7) сега е олабавена и може да се извади.
- Поставете ја новата брусна лента (7). Внимавајте да соодветствуваат правците на стрелките на внатрешната страна на брусната трака и на куќиштето на електричниот алат.
- Повторно вратете го затезниот лост (9) во стартната позиција.
- Подигнете го електричниот алат и вклучете го. Движењето на лентата автоматски се центрира при вклучувањето и за време на процесот на брусење.
Внимавајте на тоа, лизгачката лента (7) да не дојде во контакт со куќиштето. Редовно проверувајте го движењето на лентата и доколку е потребно регулирајте го со копчето за подесување (8).
Избор на брусна лента
Во согласност со материјалот што се обработува и обемот на стругање на површината, на располагање ви се различни брусни ленти:
Гранулација | ||
|---|---|---|
За обработка на сите дрвени материјали | 40 – 320 | |
За претходно брусење, на пр. за груби нерендани греди и даски | грубо | 40, 60 |
За рамно брусење и израмнување на мали нерамнини | средно | 80, 100, 120, 150 |
За завршно и фино брусење на цврсти дрва | фино | 180, 220, 280, 320 |
