Ставање во употреба
- Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (10) и држете го притиснат.
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување (10) држете го истиот притиснат и дополнително притиснете на копчето за фиксирање (4).
За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (10). При фиксиран прекинувач за вклучување/исклучување (10), најпрво притиснете го и потоа отпуштете го.
Следната табела ги објаснува можните LED-прикази (1).
Боја | Состојба | Значење/причина | Решение |
|---|---|---|---|
Бела | Трајно светло | Брзина на ременот | |
зелена | Трајно светло | Батеријата е полна | |
жолта | Трајно светло | Батеријата е речиси празна види Приказ за наполнетост на батеријата | Наскоро заменете ја одн. наполнете ја батеријата |
Трајно светло | Достигната е критична температура (мотор, електроника, батерија) | Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади | |
црвена | Трајно светло | Батеријата е празна види Приказ за наполнетост на батеријата | Заменете ја одн. наполнете ја батеријата |
Трајно светло | Електричниот алат има системска грешка (исклучување при удар, контрола на удар или заглавување) | Рестартирајте го електричниот алат или извадете ја и повторно вметнете ја батеријата. |
Со копчето за брзина на ременот (2) може да ја зголемите брзината на ременот и со копчето за намалување на брзината на ременот (3) да ја намалите. Исто така, може однапред да ја изберете потребната брзина на ременот за време на работата.
светлечко LED | Брзина на ременот |
|---|---|
1–2 | ниско |
1−4 | средно |
1–5 | високо |
Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.
Константната електроника одржува постојан број на осцилации при празен од и оптоварување и овозможува иста постојана јачина при работењето.
По долготрајна работа со мал број на осцилации, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
Примена/материјал | Абразиви | Степен на број на вртежи | |
|---|---|---|---|
Брусење |
| P60–P100 | 3–5 |
| P60–P100 | 1–3 | |
Меѓубрусење |
| P120–P180 | 4–5 |
| P220–P280 | 1–3 | |
Фино брусење |
| P150–P180 | 4–5 |
| P240–P320 | 1–3 |