Безбедносни напомени за уредот за вовлекување на кабелот

Не користете го електричниот алат на спроводници што се под напон или на водови под напон. Ако вовлекувате кабел низ цевка во која веќе има други водови, мора да се уверите дека напојувањето со електрична енергија до сите постојни водови е исклучено и дека тие се извадени пред почетокот на работата.

Не користете го електричниот алат од скала. Кога ракувате со алатот, обезбедете сигурна положба и добра рамнотежа. Ако лентата за вовлекување или кабелот се скине, постои опасност од пад и повреда.
- Држете ги рацете подалеку од процепот помеѓу цевката и ротирачката млазница. Со тоа ќе избегнете повреди од нагмечување.
- Секогаш правилно складирајте го ременот за на рамо кога го позиционирате електричниот алат, особено на висина. Внимавајте да не дојде во контакт со стапала, раце или други потенцијални опасности. Со тоа ќе спречите заплеткување со ременот за на рамо и ќе ја намалите опасноста од повреда.
- Не користете го овој електричен алат за подигнување тешки предмети. Подигнувањето товари може да предизвика паѓање на товарот и повреди.
- Не користете го електричниот алат за подигнување предмети, бидејќи лентата не е наменета за тоа. Поради тоа, електричниот алат може да падне, што може да доведе до тешки повреди на стапалата и оштетување на електричниот алат.
- Држете го електричниот алат цврсто со двете раце и внимавајте да стоите стабилно. Со двете раце електричниот алат може побезбедно да се води.
- Не насочувајте го електричниот алат кон лица кои се наоѓаат во близина за време на работата. Лентата што излегува од електричниот алат може да предизвика повреди.
- Користете ги држачите исклучиво за прицврстување на ремен за на рамо. Држачите на ременот за на рамо не служат како заштита од паѓање.
- Не туркајте ја и не влечете ја лентата директно со рака при воведување на кабли. Наместо тоа, цврсто држете го алатот за рачката. Ако во одредени ситуации е потребно рачно ракување со лентата, задолжително носете заштитни ракавици за да избегнете повреди.
- При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
- Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
- Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
- Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ги батериите од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.