Поставување на режим на работа
Електричниот алат нуди два режима на работа за различни намени.
Работен режим | Функција/препорачана примена |
|---|---|
Стандарден режим | Во стандарден режим, електричниот алат работи со максимална моќност. Користете го стандардниот режим за општи задачи за влечење кабли. |
Мек режим | Во мек режим, електричниот алат работи со намалена моќност. Користете го мекиот режим за чувствителни кабли или кога е потребна помала брзина на лентата. |
За да менувате меѓу режимите на работа, при вклучен интерфејс (9) притиснете го копчето MODE (18).
Напомена: менувајте го режимот на работа само кога електричниот алат е исклучен и приказот за статус (16) свети во зелено. За да го активирате корисничкиот интерфејс (9), притиснете го копчето MODE (18) или прекинувачот за вклучување/исклучување (7).

