Режим на струја (види слика A)
- Не користете го вентилаторот со оштетен мрежен напојувач.
- Вентилаторот се напојува со струја преку електричната мрежа веднаш штом ќе се приклучи мрежниот напојувач, без разлика дали е ставена батерија.
- Отворете го капакот (10) на приклучокот за напојување.
- Ставете го кабелот на мрежниот напојувач (8) во отворот на приклучокот за напојување (11).
- Приклучете го мрежниот напојувач на струјната мрежа.
Вентилаторот сега може да се ракува. - Заради заштита од нечистотии повторно затворете го капакот (10), ако го отстранувате кабелот на мрежниот напојувач (8).