Безбедносни напомени

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
- Не ги оставајте децата без надзор. Така ќе се осигурате дека децата нема да си играат со вентилаторот или полначот.
- Чистењето и одржувањето на вентилаторот од страна на деца не треба да се врши без надзор.
- Овој вентилатор може да го користат деца над 8 години како и лица со ограничени физички, сензорни и ментални способности или со недоволно искуство и знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за нивната безбедност или се подучени за безбедно ракување со вентилаторот и ги разбираат опасностите кои може да произлезат од тоа. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди.
- Овој вентилатор не е предвиден за користење од страна на деца и лица со намалени психички, физички или душевни способности или недоволно искуство и знаење. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди.
- Секогаш внимавајте излезот за воздух и доводот за воздух да не бидат попречени и покриени. Не блокирајте го пропелерот и не вметнувајте предмети во ротирачкиот пропелер. Во спротивно, вентилаторот може да се прегрее и да се запали.
- Не вметнувајте предмети во ротирачкиот пропелер на вентилаторот. Во спротивно, може да се скрши, да се исфрли и да предизвика повреди.
- Не користете го вентилаторот во близина на отворен оган или предмети што светат.
- Не оставајте го вентилаторот без надзор.
- Не користете го вентилаторот со отворен или оштетен капак на пропелерот. Може да се повредите од ротирачкиот пропелер на вентилаторот.
- Користете го само испорачаниот приклучен адаптер за напојување. Само така е загарантирана безбедна работа на вентилаторот.
- Приклучокот на вентилаторот мора да одговара со штекерот. Приклучокот не смее да се менува на кој било начин. Непроменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
- Држете го вентилаторот подалеку од дожд или влага. Навлегувањето на вода во вентилаторот го зголемува ризикот од струен удар.
- Пред секое користење, проверете го вентилаторот, кабелот и приклучокот. Не отворајте го сами вентилаторот и оставете го на поправка кај квалификуван стручен персонал кој ќе го поправи само со оригинални резервни делови. Оштетените вентилатори, кабли и приклучоци го зголемуваат ризикот за струен удар.
- Вентилаторот не смее да го користат лица кои не се информирани за неговото ракување или кои не ги имаат прочитано овие упатства.
- Ако работата на вентилаторот со кабелот за напојување во влажна средина не може да се избегне, користете заштитен прекинувач за диференцијална струја. Употребата на заштитен прекинувач за диференцијална струја го намалува ризикот од струен удар.
- Не користете го кабелот за носење на вентилаторот, закачување или за повлекување на приклучокот од приклучницата. Држете го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или подвижни делови од уредот. Оштетените или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
- Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
- При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
- При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
- Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
- Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
- Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
- Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од производителот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар.
| Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. |
- Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на вентилаторот. Поправете ги оштетените делови пред да го користите вентилаторот. Причината за многу несреќи лежи во лошо одржувани производи.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Секогаш чувајте ги пластичните кеси подалеку од дофат на бебиња и деца. Пластичните кеси може да бидат опасни. Постои ризик од гушење.
