Употреба со опрема за заштита од паѓање

Носивоста на точката за прицврстување на уредот за заштита од паѓање на електричниот алатA)

6 kg (13,2 lbs)

Максимална должина на уредот за заштита од паѓање

1,1 m (3,6 ft)

A)

Ова го вклучува електричниот алат заедно со сите дополнителни делови и додатоци.

Користете го сигурносниот појас како уред за заштита од паѓање (14) на Bosch 2 607 990 161.

Монтажа на уредот за заштита од паѓање (види слика A)

За да го користите системот за заштита од паѓање, прикачете го уредот за заштита од паѓање (14) на местото за прицврстување (15) на уредот за заштита од паѓање на електричниот алат. За уреди за заштита од паѓање со јамка, прикачете го околу местото на прицврстување, како што е прикажано на сликата A. Цврсто повлечете ја јамката и проверете дали не е извиткана.

Напомена: Прицврстете го уредот за заштита од паѓање (14) како што е прикажано на сликата, директно на запчестата летва (2), а не на извлекувачот на запчестата летва (5).

Упатства за употреба