Одржување и чистење
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
- Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
Подесување на процепот на шините водилки (види слика D)
Ако при дупчење електричниот алат многу вибрира или се гледа процеп на шината водилка, мора да се подеси ширината на процепот на шините водилки. Ова ќе спречи прекин на електричниот алат и негово оштетување.
За таа цел, потребен ви е клуч со внатрешна шестаголна глава (2,5 mm) и прстенест или вилушкаст клуч 8 mm).
- Извлечете го мрежниот приклучок од приклучницата, отстранете ги алатите за вметнување и системот за средство за ладење и поставете го електричниот алат на цврста, рамна и хоризонтална површина.
- Свртете ја погонската единица (10) со рачната курбла (4) целосно надолу.
- Држете ги завртките за подесување (29) со клуч со внатрешна шестаголна глава и одвртете ги сите 4 навртки со прстенестиот или вилушкастиот клуч.
- Затегнете ги 3-те долни завртки (29) со клуч со внатрешна шестаголна глава. Свртете ја погонската единица (10) со рачната курбла (4) од долу кон нагоре и назад. Силата на туркање треба да биде рамномерна – ниту премногу слаба, ниту премногу силна.
- Свртете ја погонската единица (10) со рачната курбла (4) целосно нагоре.
- Затегнете ја најгорната завртка (29) со клучот со внатрешна шестаголна глава. Свртете ја погонската единица (10) со рачната курбла (4) од горе кон надолу и назад. Силата на туркање треба да биде рамномерна – ниту премногу слаба, ниту премногу силна.
- Држете ги завртките за подесување (29) со клуч со внатрешна шестаголна глава и затегнете ги сите 4 навртки со прстенестиот или вилушкастиот клуч.