Безбедносни упатства за магнетни дупчалки
- Не користете го овој алат ако вие или некој минувач имате срцев пејсмејкер или други медицински импланти. Срцевите пејсмејкери и другите медицински импланти може да не функционираат правилно поради магнетните полиња што ги емитува алатот, што може да резултира со телесни повреди.
- Секогаш проверувајте го безбедносниот ремен за абење или оштетување пред секоја употреба. Истрошениот или оштетен безбедносен ремен може неочекувано да се расипе за време на употребата и може да резултира со телесна повреда.
- Прикачувајте ја магнетната дупчалка само на црн метал. Магнетната основа нема правилно да се прицврсти на обоени метали, како што се немагнетните видови нерѓосувачки челик.
- Исчистете ја површината пред да го прицврстите држачот за дупчење на работната површина. Боја, 'рѓа или наслаги ја намалуваат силата на држење на магнетот. Струготини, нерамни рабови, нечистотија и други туѓи материи на површината на магнетната основа исто така ја намалуваат силата на држење.
- Секогаш прицврстувајте ја магнетната основа на мазна, рамна работна површина. Ако делот за обработка е нерамен и не е мазен, магнетната основа може да се одвои од него, што може да предизвика неочекувано движење на алатот или делот за обработка и да доведе до повреда.
- Користете стеги или други практични начини за прицврстување и потпора на делот за обработка на стабилна платформа. Многу е важно правилно да ја изведувате работата, за да ја минимизирате изложеноста на телото, заглавувањето или губењето контрола.
- Секогаш користете го обезбедениот или препорачаниот заштитниот ремен за да го прицврстите алатот на делот за обработка пред да го вклучите моторот на дупчалката. Магнетната основа може да се откачи од делот за обработка, предизвикувајќи неочекувано движење на алатот или делот за обработка и телесна повреда.
- Секогаш активирајте ја магнетната основа и проверете дали е безбедно прицврстена на делот за обработка пред да го вклучите моторот на дупчалката. Неприцврстувањето на магнетната основа на делот за обработка може да предизвика неочекувано движење на алатот или делот за обработка и телесна повреда.
- Секогаш уверувајте се дека делот за обработка е во фиксна или стабилна позиција. Неочекуваното движење на делот за обработка може да резултира со телесна повреда.
- Уверете се дека сте во стабилна положба и дека може да го контролирате алатот додека го ослободувате од делот за обработка. Губењето на контролата при отпуштање на алатот од делот за обработка може да резултира со телесна повреда.
- Држете ги рацете подалеку од дупчалката за време на нејзината работа. Контактот со ротирачките делови или струготини, може да предизвика повреда.
- Проверете дали бургијата ротира пред да ја внесете во делот за обработка. Во спротивно, дополнителната опрема може да се заглави во делот што се обработува, и да предизвика ненадејно придвижување на делот, што може да резултира со повреда.
- Не употребувајте прекумерна сила на поместување при дупчење. Употребата на прекумерна сила на поместување може да предизвика магнетната основа да се ослободи од делот за обработка, предизвикувајќи неочекувано движење на алатот или делот за обработка и телесни повреди.
- Не сечете долги парчиња со редовно прекинување на надолниот притисок. Острите метални парчиња може да предизвикаат заплеткување и лични повреди.
- Никогаш не ги отстранувајте струготините од дупчалката за време на нејзината работа. За да отстраните струготини, оддалечете ја бургијата од делот за обработка, исклучете го моторот за дупчење и почекајте бургијата да престане да се движи. Користете алати, како на пр. четки или кука за да ги отстраните струготините. Контактот со ротирачките делови или струготини, може да предизвика повреда.
- При дупчење кое бара употреба на течност за сечење, насочете ја течноста за сечење подалеку од работната површина на операторот или користете уред за собирање течности. Ваквите мерки на претпазливост ја одржуваат работната површина на операторот сува, и го намалуваат ризикот од струен удар.
- Кога бургијата е заглавена, престанете со притискање надолу и исклучете го алатот. Извршете проверки и поправки за да ја елиминирате причината за заглавување на бургијата.
- При навлегување на дупчалката во делот што се обработува, проверете дали бургијата слободно се врти пред да започнете со дупчење. Ако бургијата е заглавена, може да не започне со работа, може да се преоптовари алатот или може да предизвика отпуштање на држачот за дупчење од делот што се обработува.
- Не деактивирајте ја магнетната основа сè додека алатот не се исклучи и бургијата целосно не застане. Предвременото деактивирање на магнетната основа може да предизвика неочекувано движење на алатот или делот за обработка и телесна повреда.
- Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за да не дојде во контакт со скриена жица или со неговиот кабел. Ако опремата за сечење дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
- При дупчење низ ѕидови или тавани, заштитете ги луѓето околу работната површина. Бургијата може да навлезе низ дупката, и средината од делот што се обработува може да падне на другата страна.
- Да не се користи резервоарот за средство за ладење кога дупчите на вертикални или закосени површини, или на плафон. Користете пена за ладење. Погрижете се да не навлезе вода во алатот. Ако навлезе вода во електричниот алат, постои зголемен ризик од електричен удар.
- Не носете ракавици. Ракавиците може да се заплеткаат во ротирачките делови или струготини, и да предизвикаат повреда.
- Дополнителната опрема со утврдена брзина, мора да биде најмалку еднаква на максималната брзина наведена на електричниот алат. Дополнителната опрема која работи побрзо од утврдената брзина може да експлодира и да се распрска насекаде.
- Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување и може да предизвика електричен удар.
- Никогаш не го користете електричниот алат без испорачаниот заштитен прекинувач за диференцијална струја (PRCD).
- Пред секој почеток на работата проверете го правилното функционирање на заштитниот прекинувач за диференцијална струја (PRCD). Оштетениот заштитен прекинувач за диференцијална струја (PRCD) нека се поправи или замени од сервисна служба на Bosch.
- Носете чевли што не се лизгаат. На тој начин ќе избегнете повреди, коишто може да настанат при лизгање на мазни површини.
- Не го оставајте настрана алатот, доколку не е целосно во состојба на мирување. Електричните алати кои не се во состојба на мирување може да предизвикаат повреди.
- Држете го приклучниот кабел на дупчалката подалеку од работното поле. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
- Не го преоптоварувајте електричниот алат и не го користете како спроводник или скеле. Преоптоварувањето или стоењето на електричниот алат може да доведе до тоа, тежиштето на електричниот алат да се помести нагоре и тоа да се преврти.
- Електричниот алат што работи на мрежа смее да се користи само на струјни мрежи со заштитни спроводници и доволно димензионирање.
- Доколку го применувате електричниот алат при работа на плафон, работете во пар.
- Опасност од паѓање поради осцилаторните движења на сталакот за електричниот алат. При работење на скеле, електричниот алат може да предизвика ненадејно осцилирачко движење при стартот или при прекин на струја. Прицврстете го електричниот алат со безбедносна лента. Обезбедете го од испаѓање со ставање на безбедносен појас.
- Одржувајте ја работната површина чиста, како и делот што се обработува. Острите струготини од дупчењето и предметите може да доведат до повреди. Мешавините на материјали се особено опасни. Правта од лесен метал може да се запали или да експлодира.
- Не го фаќајте алатот што се вметнува по работата, додека не се олади. Алатот што се вметнува за време на работата се вжештува.
- Не го допирајте јадрото од дупчењето, кое автоматски се исфрла преку водечкиот клин по завршувањето на работниот процес. Јадрото од дупчењето може да биде многу жешко.
- Металните струготини често се многу остри и жешки. Никогаш не допирајте ги со голи раце. Исчистете ги со магнетски собирач на струготини и со кука за струготини или со друг соодветен алат.
- Редовно проверувајте го кабелот, а доколку е оштетен смее да го поправи само овластената сервисна служба за електрични алати на Bosch. Доколку продолжниот кабел е оштетен, заменете го. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот алат.
- Електричниот алат не го користете доколку кабелот е оштетен. Не го допирајте оштетениот кабел и не го влечете струјниот приклучок, доколку кабелот се оштети за време на работењето. Оштетениот кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
- Лепенката на магнетот зависи од дебелината на делот што се обработува. Најдоброто држење се постигнува на челик со ниско присуство на јаглерод со дебелина од најмалку 20 mm. При дупчење во челик со помала дебелина, челичната плоча (минимални димензии 100 x 200 x 20 mm) мора дополнително да се стави под магнетната основа. Обезбедете ја челичната плоча да не падне надолу.
- Други електрични алати, што се приклучени на истата приклучница, предизвикуваат нерамномерен напон што може да предизвика до ослободување на магнетот. Електричниот алат приклучете го во прклучница во која не се приклучени други алати.
- Избегнувајте употреба на шупливи крунести бургии без течност за ладење. Секогаш проверувајте ја состојбата на течноста за ладење пред да почнете со работење.
- Заштитете го моторот. Никогаш не дозволувајте течност за ладење, вода или другите загадувачи да влезат во моторот.
- Никогаш не обидувајте се да работите со алатот со погрешен или со пренизок напон. Проверете ја спецификацоната плочка за да се обезбеди правилен напон и фреквенција.
- Добро чувајте го некористениот електричен алат. Местото на складирање мора да биде суво и затворено. Ова спречува оштетување на електричниот алат за време на складирањето или тој да биде ракуван од страна на неискусни лица.
- Приклучете го електричниот уред на прописно заземјена струјна мрежа. Приклучницата и продолжниот кабел мора да имаат функционален заштитен проводник.

Не го принесувајте магнетот во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа. Магнетот создава поле, кое може да ја наруши функцијата на имплантите или медицинските уреди.
- Држете го електричниот алат подалеку од магнетни носачи на податоци и уреди чувствителни на магнет. Поради влијанието на магнетот, може да дојде до неповратно губење на податоците.