Подготовка за работа

  • Поставете го електричниот алат на делот што се обработува и порамнете го.
  • Притиснете го копчето I на прекинувачот за вклучување/исклучување на магнетот (1) и проверете дали електричниот алат се прилепува за површината на делот за обработка.
  • Ев. осигурете го електричниот алат со безбедносната лента (28).

  • При секое работење во коса или вертикална положба или на плафон осигурете го електричниот алат од испаѓање со испорачаната безбедносна лента.
  • Пред употреба проверете дали безбедносната лента функционира беспрекорно. Никогаш не го употребувајте оштетена безбедносна лента, туку веднаш заменете ја.
  • Доколку е можно прицврстете ја безбедносната лента (28) без да шета.
  • Вметнете ја безбедносната лента низ прифатот (7) и поставете ја околу делот за обработка.
  • Извадете ја безбедносната лента со помош на крцкалка (26).
  • За олабавување на безбедносната лента притиснете го блокаторот (27) на крцкалката и извлечете ја безбедносната лента.
  • Ставете ја безбедносната лента на тој начин што електричниот алат ќе се оддалечи од Вас при лизгање.

  • Не менувајте ја висината на погонската единица за време на работа.

Висината на погонската единица (10) може да се прилагоди во зависност од должината на алатот и големината на делот што се обработува.

  • Користете ја рачната курбла (4) за да ја прилагодите висината на погонската единица (10) за да одговара на алатот за вметнување што се користи.