Брзо исклучување (Advanced KickBack Control)

Брзото исклучување (Advanced KickBack Control) нуди целосна контрола врз електричниот алат и со тоа ја зголемува заштитата на корисникот, во споредба со електрични алати без Advanced KickBack Control.

Ако бургијата се заглави во материјалот или ако завртката во делот што се обработува нагло запре, вградениот сензор веднаш го исклучува моторот. Со тоа се спречува електричниот алат ненадејно да се заврти околу оската и да предизвика повреди.

Вградената Advanced KickBack Control во електричниот алат се состои од два елемента: „брза“ KickBack Control и дополнителна „бавна“ KickBack Control, која спречува алатот дури и бавно да се врти околу оската, на пример при работа со долги завртки, за кои е потребна бавна, но постојано зголемувачка сила на задржување.

Брзото исклучување е прикажано со трепкање работното светло на електричниот алат.

За повторно ставање во употреба отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување и одново притиснете го.