Приказ за наполнетост на батеријата

Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата.

LED

Капацитет

Трајно светло 3 × зелено

68–100 %

Трајно светло 2 × зелено

22–68 %

Трајно светло 1 × зелено

2–22 %

Трепкачко светло 1 × зелено

0–2 %

Заштита од преоптоварување во зависност од температурата

Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При прејако оптоварување електрониката на електричниот алат се исклучува, додека не се постигне повторно оптималната температура.

Оваа состојба се сигнализира со секвенционално светење на трите LED светилки на приказот за наполнетост на батеријата . LED светилките се исклучуваат, ако електричниот алат повторно ја достигне оптималната работна температура.