Одржување и чистење
- Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Отстранете ја насобраната прав од брусењето со четка.
Замена на метална плоча (види слика B)
Металната плоча (13) се навртува на волнен филц (14) и овозможува оптимална слика на брусењето.
Металната плоча (13) се троши во зависност од интензитетот на користење. За менување на металната плоча (13) извадете ја брусната лента (7). Одвртете ја металната плоча (13)и заменете ја.
По поставувањето на брусната лента, подесете го движењето на лентата види Замена на брусната лента (види слика A).
Промена на (опрема) лизгачката плоча (види слика C)
Лизгачката плоча (15) (опрема) се завртува на металната плоча (13) и овозможува оптимална слика на брусењето.
Лизгачката плоча (15) се троши во зависност од интензитетот на користење. За менување на лизгачката плоча (15) извадете ја брусната лента (7). Одвртете ја лизгачката плоча (15) и заменете ја.
По поставувањето на брусната лента, подесете го движењето на лентата види Замена на брусната лента (види слика A).