Монтирање на брусни алати (види слика A)
- Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Користете само соодветни и неоштетени вилушкасти клучеви (види „Технички податоци“).
- Исчистете го вретеното за брусење (3) и сите делови за монтирање.
- Држете го цврсто брусното вретено (3) со вилушкастиот клуч (9) на површината на клучот.
Олабавете ја стезната навртка (2) со вилушкастиот клуч (10) на површината на клучот со вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот. - Ставете ја затегнувачката дршка на брусното тело до крај во затегнувачката чаура (1).
- Држете го цврсто вретеното за брусење (3) со вилушкастиот клуч (9) и затегнете го алатот што се вметнува со вилушкастиот клуч (10) на површината на клучот со вртење во правец на стрелките на часовникот.
Брусните тела мора да се движат беспрекорно кружно. Не ги употребувајте нетркалезните брусни тела, туку заменете ги со нови.
- Во никој случај не ја затегнувајте затегнувачката чаура со затегнувачката навртка, доколку не е монтирано брусно тело. Инаку, затегнувачката чаура може да се оштети.
- Користете само брусни клинови со соодветен дијаметар на држачот. Брусниот клин, чиј дијаметар на држачот не одговара на прифатот за алат на електричниот алат (види „Технички податоци“), не може да се зацврсти добро и ја оштетува затегнувачката чаура.
- Алатот за вметнување мора да се затегне најмалку 10 mm. Со помош на внатрешните димензии на држачот L0 од податоците на производителот може да го дознаете максималниот дозволен број на вртежи на алатот за вметнување. Тој не смее да биде под максималниот број на вртежи на електричниот алат.