Примери за работа (види слики A–D)
Слики со примери за работењето може да најдете на графичките страници.
Растојанието на млазниците до делот што се обработува зависи од материјалот што се обработува (метал, пластика итн.) и наменетиот вид на обработка.
Оптималната температура за односната примена може да се одреди со практичен обид.
Секогаш прво направете тест на количината на воздух и температурата. Секогаш започнувајте со поголемо растојание и понизок степен на јачина. По потреба прилагодете го растојанието и степенот на јачина.
Доколку не сте сигурни каков материјал обработувате или какво е влијанието на топлиот воздух врз материјалот, тогаш тестирајте го влијанието на покриено место.
Кај сите работни примери можете да работите без опрема. Употребата на предложените делови од опремата, сепак, ја поедноставува работата и значително го зголемува квалитетот на резултатот.
За оваа дувалка за топол воздух можете да ги користите сите млазници, коишто се достапни кај Bosch како опрема.
- Внимание при промена на млазниците! Не ја допирајте врелата млазница. Оставете ја дувалката да се олади и носете ракавици при промената. Можете да се изгорите на жешките млазници.
Термособирање (види слика A)
Поставете рефлекторската млазница (12) (опрема). Изберете го дијаметарот на термособирното црево (14) (опрема) соодветно на делот што се обработува. Рамномерно загрејте го собирното црево, додека цврсто не налегне на делот што се обработува.
Отстранување на лак/вадење на лепак (види слика B)
Поставете ја плоснатата млазница (10) (опрема). Омекнете го кратко лакот со топол воздух и подигнете го со чиста шпатула. Долгото затоплување ќе го изгори лакот и ќе го отежни отстранувањето.
Повеќето средства за лепење омекнуваат од топлината. Кога лепакот е загреан може да ги одвоите споевите или да го отстраните вишокот лепак.
Одмрзнување на водоводи (види слика C)
- Пред загревањето проверете, дали всушност се работи за водовод. Водоводите честопати не може да се разликуваат од гасоводите по надворешниот изглед. Гасоводите не смеат да се загреваат во никој случај.
Поставете ја аголната млазница (11) (опрема). Замрзнатите места секогаш загревајте ги по можност во правец од одводот кон доводот.
Пластичните цевки и споевите помеѓу деловите од цевката треба да се загреваат со особена претпазливост, за да се избегнат оштетувања.
Меко лемење (види слика D)
Ставете редуцирна млазница (13) (опрема).
Доколку користите лем без течно средство, додадете маст или паста за лемење на местото на лемење. Затоплете го местото за лемење и залемете. Лемот мора да се стопи со делување на температурата на делот што се обработува.
Доколку е потребно, откако ќе се излади местото на лемење, отстранете го течното средство.